Од МНР ја објавија официјалната оригинална верзија на протоколот кој го потпишаа со Бугарија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со колегите од Бугарија.

Оригиналната верзија на протоколот може да се види ТУКА.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.