Од мигрант кој се шверцал во брод, до Инстаграм ѕвезда со голема заработка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Целосно тетовираниот 28-годишен Хусеин Балапур, кој на Инстаграм е познат под името YakiboY, има импресивна, драматична и возбудлива животна приказна каква веројатно досега сте гледале само на некој филм.

Балапур, чие тело буквално од глава до пети е прекриено со тетоважи, а кој денес гордо и слободно се шета низ Сиднеј, привлекувајќи ги погледите на минувачите со својата мускулеста и набилдана снага и со златото на неговите заби, пред само 5 години стигнал со брод во Австралија, бегајќи од тешката политичко-економска ситуација во Иран.

„Висок сум 195 см, зошто да не заработувам на своето тело“, рече додавајќи дека за едно снимање зема и по 1500 долари.

Поради неговиот ексцентричен изглед, луѓето често мислат дека дилер на дрога. иако на Инстаграм делува како неверојатно богат човек, самиот признава дека живее во двособен стан во Сиднеј и дека поседува само неколку скапи работи.

Иако секојдневно добива пораки од обожаватели, истакнува дека е женет и наскоро треба да добие ќерка.