Од мешалка за бетон направи машина за перење алишта, а сега има уште полуд изум


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Необичниот иноватор од Босна и Херцеговина кој својата мешалка за бетон ја трансформираше во машина за перење алишта, сега има нова, уште полуда иновација.

Нико Ловриновиќ од околината на Травник минатата година го привлече медиумското внимание кога својата мешалка за бетон ја надогради со функции преку кои може да пере алишта. А сега ја претстави својата нова иновација.

Благодарение на неговата креативност, направи „две хармоники од една и пол“, односно инструмент на кој може да се свири на два начини. Функционалноста на својот нов изум ја докажа со видео снимка.