Од маж во жена, па во змеј: Списка 50.000 евра за ДА НЕ ЛИЧИ НА ЧОВЕК


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ева Тимат Медуза потроши околу 50.000 евра на пластични операции и модификации на телото и лицето за што повеќе да личи на змеј, а што помалку на човек. Помеѓу останатите „надградби“, си вгради осум рога на челото, тетовираше змејовски крлушки и засек на јазикот.

Пред десет години Ева беше маж со име Ричард Хернандез и работеше како потпретседател во една од најголемите американски банки. Во 1997 година доби дијагноза ХИВ позитивна и тоа во целост го смени нејзиниот однос кон животот. Заклучила дека „не планира да умре како човек“, пишува Дејли Мејл.

Го напуштила корпоративниот свет и ја почнала својата преобразба. Тврди дека, откако родителите ја напуштиле кога имала само 5 години, „повторно е родена под заштита на змиите отровници“.

Преобразбата ја започнала со тетовирање на змејовски крлушки, потоа ја сменила формата на носот, ги отстранила ушите и трајно ги обоила очните белки во зелена боја. Ова ја чинело околу 50.000 евра, а планира да потроши уште повеќе од 30.000 евра на дополнителни модификации.

„Мојата трансформација е најголемото патување во мојот живот. Постојат длабоки причини поради кои го правам тоа и длабоко значење зад трансформацијата. Имам две мајки. Една е мојата биолошка мајка, а моето второ раѓање го предизвикаа моите рептилски родители, змиите отровници“, вели Ева за The Wizard of Odd TV.

Се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на другите како неа да го најдат своето место на овој свет.

„Не сакав да умрам како човек. Колку и да има добри луѓе, во споредба со другите видови на луѓе, човештвото е полно со омраза и деструкција. Одлучив дека е време за промени во мојот живот и посакав да личам на нешто што е можно помалку човечко“, тврди таа.

Дека сериозно се посветила на трансформацијата сведочи и фактот дека со голем број оперативни зафати на пластичната хирургија го променила својот изглед.

„Имам осум рога вградени во челото, ги отстранив ушите, ја променив формата на носот, ги извадив поголем дел од забите, ги потемнив белките од очите, го расеков јазикот, сето мое лице е прекриено со тетоважи, а направив и рани на градите“, набројува Ева.

Исто така, нагласи дека 53 години од својот живот го поминала како хомосексуален маж, а денес се декларира како трансексуална жена.

„Постојат многу заблуди за промената на полот, но промената на видот оди чекор понатаму. Веќе не се сметам само за човек, туку за човек-рептил. Мојата најголема желба е да го менувам моето тело додека мојата трансформација не биде целосна. Со таа причина и побуда се будам секое утро“, заклучува таа.