Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од компанијата за платежни услуги „MasterCard“ изјавуваат дека би биле „среќни“ да помогне во користењето на националните виртуелни валути издадени од централните банки. Тоа го кажа во својата изјава претседателот на „MasterCard“ за азиско-пацифичкиот регион, Ари Саркер, за Financial Times.
Некои централни банки во светот, вклучувајќи ја и онаа во Шведска, веќе ги разгледуваат можностите да издадат свои криптовалути кои имаат исти квалитети како познатите децентрализирани виртуелни валути, но за разлика од нив тие ќе бидат заштитени и поддржани од страна на националните влади.
На овој начин националните криптовалути нема да страдаат од основниот недостаток на познатите виртуелни валути, како биткоинот и етериумот – Екстремна нестабилноста.
„Ако владите бараат начин за создавање на национални виртуелни валути, ние ќе бидеме среќни да погледнеме кон нив на поповолен начин (во споредба со постојните криптовалути)“, вели Ари Саркер.
Според неговите зборови, ако овие валути се поддржани од регулатор и ги исполнуваат сите регулаторни барања, „MasterCard“ со задоволство ќе ја испита оваа можност.
„MasterCard“ и нејзиниот конкурент „Visa“ превзедоа политика која го направи купувањето на виртуелните валути потешко, бидејќи компаниите ја променија класификацијата на слични набавки на „кешови трансакции“, кои одат со повисоки такси.
Според Саркер, „MasterCard’ започна со пилот-проект кој им овозможува на корисниците да ги претворат своите биткоини во готовина преку услугите на компанијата. Сè работи под строги правила против перењето пари и принцип што ја спречува анонимноста на клиентот.
Но, Саркер не открива повеќе детали бидејќи пилот-проектот работи во Јапонија и Сингапур во многу тесен круг. „Ние не работиме со трговија со биткоин во мрежата на „MasterCard““, вели експертот.
Развојниот центар на компанијата во Сингапур, наречен „MasterCard Labs“, се потпира на „блокчејн“ технологијата во своите нови случувања, додаде портпаролот на компанијата.
Извор: Денар.мк