Од Македонија протеран руски дипломат – Димитров вели дека тоа го прават од солидарност


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од Министерството за надворешни работи официјално изјавија дека донесле одлука од земјава да протера еден дипломат на Руската Федерација заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатија од 1961 година.

„Денес ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и за да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија“, напиша вчера на Твитер македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

На ова реагираше руската амбасада во земјава на твитер велејќи дека “одговорноста за последиците на одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија целосно ќе биде на македонска страна“.

Руската амбасада во Скопје одговори веднаш: „Целосната одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна.“