Advertisements
Актуелно

Од лични карти до регистарски таблички – граѓаните се ќе си го платат сами новото име

Граѓаните сами ќе си ја платат Република Северна Македонија. Сите документи – лични карти, возачки дозволи, пасоши, здравствени книшки, регистарски таблички ќе мора да се сменат во рок од пет години, без разлика дали се истечени – а за се ќе си плаќаме од џеб, јавува ТВ Алфа.

Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок утврден со Договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената која е редовна за замена на патните исправи, појасни портпаролот Миле Бошњаковски.

Ова денеска го потврди Владата иако, пред неколку месеци рекоа дека се размислува за субвенции од државата за промена на документите.

Нови патни документи се очекува да се почнат да се издаваат кон крајот на годината, а регистарските таблички кон средината на мај. Дотогаш ќе се користат налепници со ознаката НМК кои ќе се дадат на граѓаните на граница при излез од државата.

Договорот предвидува промена и на другите документи –дипломите, свидетелствата, сертификатите, изводите и се останато да ја добијат придавката Северна.

Advertisements
To Top