Од лажен профил на девојки им пишуваше гнасни пораки – тажно е што сè му прифатија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анонимен корисник на еден бодибилдерски форум познат само под корисничкото име GermanLifeter, направи мал експеримент на социјалните мрежи чии резултати ги објави под заеднички наслов „Живот за чиста десетка (студија од Тиндер)“.

Неговата цел беше да дознае од прва рака дали и колку жените се површни и дали повеќе им дозволуваат да се опуштаат во муабетите на згодни и атрактивни фраери. Типот на лажен профил на Тиндер стави фотки од згоден маж и почна од истиот профил да им праќа безобразни, па и одвратни пораки на девојките кои можат да се сметаат на граница со сексуална злоупотреба.

За жал, испадна дека најголем дел од девојките на „згодниот фраер“ му простуваа дури и за најидиотските пораки, предлози и коментари.

За своето истражување искористи фотографии од манекенот Холден Новел, кој се прослави во спотото на Карли Рае Јепсен за песната Call Me Maybe. Се опиша како 22-годишен дечко, висок 190 см и светски патник.

Набрзо почна да опишува како течел неговиот експеримент. Најпрвин напиша дека буквално сите жени потврдиле дека им се допаѓа и дека понекогаш тие иницирале конверзација. Сепак, како што вели, го изненадил фактот дека може да им рече што ќе посака, а тие сеедно на крајот му го давале нивниот број.

Така, една од преписките со една девојка ја започнал буквално со пораката „Анално?“. Наместо да го откачи, типката му одговорила: „Еј, како си? Хаха. Обожавам анално“.

На крајот, батката откри дека, сепак, неколку жени го откачиле бидејќи разговорот им го почнал со муабетот: „Ај да се ебиме“.

Во продолжение пренесуваме дел од „скриншотовите“ од пораките кои тој ги сподели, на кои се гледа дел од конверзацијата и содржината.