Од КСС бараат зголемување на платите во јавната администрација


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија побара покачување на платите во јавната администрација согласно покачувањето на минималната плата.

Од КСС побараа и свикување на седница на Економско социјалниот совет на која ќе биде разгледан нивниот предлог. Од Конфедерацијата сметаат дека во одредени сектори во јавната администрација платата ќе бидат под износот на минималната плата, а со тоа ќе се суспендираат и постоечките колективни договори што ќе има многу поголеми последици. Побараа покачување на платите за 19 проценти, заради задржување на распонот на платите на сите категории на јавни службеници, велат од КСС.

Овој синдикат кој во минатото ги одобруваше нејзините економските владини политики, обвини дека не функционира социјалниот дијалог и оти министерката за труд и социјална политика доставила мислења од ЕСС за покачување на минималната плата без мислење од КСС и без валидни анализи.

Од овој синдикат најавија преземање на легитимни радикални мерки доколкуповторно бидат игнорирани. Од Министерството за труд пак одговрија дека на седницата на Економско социјалниот совет свикана од страна на министерката, на 18.07.2017 година уредно биле поканети и КСС како еден од двата репрезентативни синдикати кои се членови на ЕСС, но тие не присуствувале со што продолжиле со попречување на функционирањето на ова тело.