Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој викенд, 30-31 јули, во Крушево, се одржа настанот „Крушево е поубаво пеш….кога ве водат домаќините“, во организација на Институтот за економско истражување и политики Finance Think.
Овој настан промовира нови прошетки и искуства кои ве носат во скриените тајни на Крушево, ви овозможуваат да бидете „собирач“ на тревки и шумски плодови, да дознаете како се одгледува аронија и да ѕирнете во мистичноста на црквите и влашката традиција.
За време на прошетките можеби ќе ја имате и најубавата закуска во крушевската корија, или пита која сами сте ја меселе со домаќинките во влашката куќа.
Ова не се обични прошетки. Ова се авантури водени од жените на Крушево. Преку посета на турите ја поддржувате мисијата на Здружението „КРУШЕВСКА ЖЕНА“со цел да се подобри животниот стандард на жените и да се зголеми вклученоста и родовата еднаквост преку јакнење на нивните капацитети, поттикнување женско претприемништво и негување на традиционалните вредности.
Под слоганот „Домашно е од Крушево е“ денес се одржа саем на традиционални крушевски производи. Од 10 до 12 часот имаше изложување, дегустација, продажба на традиционални производи