Од крикет ѕвезда и „плејбој“ до премиер: Имран Кан ќе биде новиот лидер на Пакистан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имран Кан и неговата партија ПТИ прогласија победа на изборите кои во Пакистан се одржаа на 25-ти јули. Ако стане премиер, Кан ќе ја заврши драмската транзиција од меѓународна крикет-ѕвезда до лидер на нуклеарно вооружена земја.

65-годишната поранешна меѓународна крикет-ѕвезда Имран Кан има силни шанси да стане следниот премиер на Пакистан по изборите на 25-ти јули.

Тој од животот како плејбој меѓу лондонската елита може да стане лидер на религиозната, измачена со насилтва и политички нестабилна нуклеарна сила.

Кан е остро критикуван за поддршката на американските воени интервенции во регионот и за економското вртење на Пакистан кон Кина.

Тој, исто така, се претставува како човек на народот, ветувајќи дека ќе создаде „исламска социјална држава“, ќе стави крај на децениите на корупција и ќе го подобри секојдневниот живот во земјата од 220 милиони луѓе.

„Мојот најголем предизвик ќе биде да им дадам работа на младите, ова е најголем предизвик. Ние направивме фантастичен план за вас, и не само еден, туку неколку планови. Со Божја волја, ќе донесеме економски напредок во оваа земја, ќе ја подигнеме стапка на раст, а за пет години ќе изградиме пет милиони евтини куќи“.

Роден e во Лахоре, а образованието го комплетираше на Оксфорд. Својата љубов кон крикетот ја претвори во 20-годишна меѓународна кариера, водејќи ја својата татковина и до титула на Светското првенство во 1992 година.

Тој стана еден од сцената на славните во Лондон, а неговиот брак со богатата британка Џемима Голдсмит во 1995 година го направи таблоидна ѕвезда. Тие се разведоа во 2004 година.

Во 1996 година, Кан ја искористи својата слава и врски во политиката, формирајќи ја партија Пакистан Техреек-е-Инфаф или ПТИ.

Извор: Радио Слободна Европа