Home Вебкафе Од кои делови на телото се срамела Одри Хепберн – комплекс без причина!

Од кои делови на телото се срамела Одри Хепберн – комплекс без причина!

Тешко е да се поверува, но е вистина: дури и најубавата жена на 20. век, Одри Хепберн, имала комплекси.

Одри Хепберн и денес се смета за една од најубавите актерки во историјата на светската кинематографија. Освен што поседувала талент и убавина, имала и големо срце, поради што била сакана од обожаватели од сите возрасти и од двата пола.

Нејзиното детство било сè само не лесно. Заедно со својата мајка, пораснала во тешки услови за време на Втората светска војна: долги месеци минати во глад го измениле метаболизмот на идната актерка, па оттука ѝ доаѓало нејзиното вечно ниско телесно тегло – никогаш над 45 килограми. Многумина ѝ завидувале на совршената фигура. Одри сонувала да стане балерина, долго и напорно се подготвувала за тоа, но сите околу неа тврделе дека тој сон е невозможен заради нејзината висина – Одри била висока 170 сантиметри, што се сметало за премногу за една балерина.

По ова, се најде во светот на манекенството, а потоа и на филмот. Сите едногласно ја прогласиле за една од најубавите актерки на времето, но Одри и понатаму го криела она што таа го сметала за своја најголема мана, за која, иронично, делумно бил виновен и балетот. Актерката имала прилично големи стапала – број 41, што денес можеби звучи и смешно, но тогаш за неа било сериозен комплекс.

Тоа бил и останал нејзиниот најголем личен проблем, поради кој се родиле и прочуените балетанки. Салваторе Ферагамо специјално за Одри дизајнирал балетанки, по нејзино барање, со модели кои визуелно ги намалуваат нејзините стапала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…