Актуелно

Од карате и Холивуд, во политика: Јорго Огненовски ќе формира партија

Каратистот и актер во холивудската филмска шоубизнис „фабрика“, Јорго Огненовски, поднесе иницијатива за формирање на политичка партија.

Според зборовите на Огненовски, неговата партија ќе биде граѓанска, народна и ќе се залага за зачувување на уставното име и идентитетот на македонскиот народ, пишува Фокус.

Огненовски беше независен канидати за градоначалник на Општина Битола на последните локални избори, но не успеа да ги добие гласовите.

За да не звучи како партија чија цел е само зачувувањето на името, Огненовски додаде дека станува збор за нова партија која што од економски аспект е про европски ориентирана и која што ќе се залага за отворање на нови работни места.

Тој исто така додаде дека новата партија ќе се бори против криминалните политики.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top