Од идниот септември се воведува настава на босански јазик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По девет години експериментално изучување на босанскиот јазик од страна на децата на босанската заедница, премиерот Зоран Заев вчера најави дека од 1 септември в година ќе има наставна програма на овој јазик.

Претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, изјави дека од заеднички интерес е да се обезбеди мир и стабилност во регионот за да се отворат перспективи и за евроатланските интеграции и да се зголеми обемот на странските инвестиции.