Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аманда Гоф, во светот на ескорт бизнисот позната како Саманта Х, полни шест години работеше како елитна ескорт дама. Сега таа во колумна за news.com.au раскажува за тоа како луѓето од различни професионални профили функционираат во кревет и открива од која професија биле нејзини омилени клиенти.
1. Адвокати
„Ако сакате прекрасна ноќ, адвокатите се вистинските мажи за вас. Не е важно со кој дел од правото се занимаваат, нивната перверзност секогаш ќе успее да ве изненади. Исто така, раскажуваат многу интересни приказни, а носат и добри одела“.
2. Полицајци
„Обожавам полицајци. Тие се цврсти, забавни и приземни. Секогаш кога сум се возела со полицаец кој не е на должност, сме се возеле како манијаци. Таков е и сексот со нив: забавен, сладок и брз“.
3. Сметководители
„Свесни се дека имаат досадна работа, па жените се единствената возбуда која им преостанува. Поскормни се од адвокатите и немаат така добри одела, но секогаш ќе ви донесат чоколади“.
4. Инженери/IT експерти
„Тие се многу вешти со рацете, но вешти се и во кревет. Немојте да ги прашувате за нивната работа, бидејќи можат да се расприкажат на широко. Многу сакаат да се галат, сакаат предигра и убаво мирисаат“.
5. Славни личности
„Славата не е нешто на кое треба да им завидувате. Никогаш не сум запознала подепресивни, поегоцентрични и понесигурни луѓе од славните. Секогаш се обидуваат да преговараат за цените, иако заработуваат милиони, а сексот со нив никогаш не е како на филмовите“.
6. Мајстори
„Можеби се гласни ако поминете покрај нив на улица, но се вистински мачиња во кревет. Не им е јасно зошто сметате дека се привлечни во работните одела. Ќе ви покажуваат слики од своето куче, а ако ви се додворуваат, сигурно не се во врска бидејќи не веруваат во неверства. Се обидуваат да учествуваат во предиграта, но често се премногу возбудени кога ќе видат гола жена. Преферираат повозрасни жени“.
7. Лекари/хирурзи
„Слични на адвокатите: имаат прекрасни одела и прекрасни приказни, но имаат комплекс дека се богови (не е ни чудно, бидејќи спасуваат животи). Често се заљубуваат, но се одлични во предиграта бидејќи добро го познаваат човечкото тело“.
8. Криминалци
„Никогаш не сум запознала криминалец кој не бил вистински џентлмен зад затворени врати. Никогаш не зборуваат за работата. Многу се дарежливи и покажуваат почит кон жените“.
9. Банкари
„Слични на адвокатите: Ако го одземете шармот и смислата за хумор, имаат големо его, но и долгови. Сексот со нив главно е лош, бидејќи премногу пијат. Најдобро е да ги фатите наутро или пред ручек, бидејќи после тоа нема смисла да се трудите“.