Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Своевремено, за потребите на улогата на мускулестиот гладијатор Максимус, во историскиот филмски спектакл на Ридли Скот, „Гладијатор“, Расел Кроу набилда топ тело и мускулатура, поради што стана миленик на армија обожавателки и своевиден секс симбол. Но, од таа импозантна фигура и појава денес не остана речиси ништо, освен името.
54-годишниот актер денес нема задржано ништо од тој негов славен и неодолив изглед. Освен што за потребите на улогата о филмот Boy Erased се здебели триесетина килограми, поради што прилично му се смени целокупниот физички изглед, Кроу пушти и долга и густа, проседена брада, поради што не може човек да го познае дека е тој.
Во текот на кариерата Расел повеќе пати го трансформираше во крајности својот изглед за потребите на филмските улоги кои ги играше, а минатата година имаше конфликт на интернет со хејтерите поради тоа, откако се здебели за улогата во филмот Nice Guys.