Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите кои ги пренесува Washington Post, повикувајќи се на информациите добиени од шефот на вселенската агенција, Џим Бриденстин, NASA веќе води разговори со неколку меѓународни компании за создавање на конзорциум, кој ќе ја преземе контролата над Меѓународната вселенска станица (МВС) и да ја управува како комерцијална лабораторија во вселената.
„Се наоѓаме во позиција во која има луѓе кои можат да управуваат трговски со МВС. Остваривме разговори со бројни големи корпорации кои имаат интерес за основање на конзорциум“, вели тој.
Првично, информации за идејата на админситрацията на претседателот Доналд Трамп да ја приватизира МВС се појавија во февруари годинава. Тогаш стана јасно дека Вашингтон сака да го прекине финансирањето до почетокот на 2025 година.
Меѓународната вселенска станица ја чини NASA меѓу 3 и 4 милијарди долари годишно. Управувањето е под контрола на неколку земји: САД, Русија, Јапонија, Канада, како и претставник на Европската вселенска агенциа.
Бриденстин одби да ги соопшти имињата на компаниите кои имаат интерес да управуваат со МВС.