Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Федерална служба за безбедност на Русија – ФСБ објави дека го идентификувале Богдан Циганенко, наводниот соучесник во убиството на Дарја Дугина. Украинскиот државјанин Циганенко е осомничен за заговор за убиство на Дугина.
ТАСС, повикувајќи се на свои извори од безбедносните служби, објави дека по него ќе биде издаден налог за апсење. Руските власти за атентатот ја обвинија Украинката Наталија Вовк, за која велат дека е шпион и дека прикрадно влегла во Русија, заедно со својата 12-годишна ќерка, и ја следела Дугина со недели пред да ја активира смртоносната автомобил-бомба и да побегне во Естонија. Сепак, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу ги отфрли тврдењата, велејќи дека „тие се дел од пропагандата на Путин“.
„Ова го сметаме како еден пример за провокација во многу долгата серија провокации од страна на Руската Федерација и немаме што повеќе да кажеме за тоа во овој момент“, рече Реинсалу, додавајќи дека Русија не побарала екстрадиција на Вовк. Дугина беше убиена минатата сабота кога нејзиниот автомобил експлодираше во вечерните часови. ж
Таа и нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, таа вечер присуствуваа на литературен фестивал во близина на Москва. Иако било планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент решил да земе друг автомобил.
Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиството на Дугина, но кабинетот на украинскиот претседател ги отфрли обвинувањата, како и обвинувањата на ФСБ кои следеа во деновите по убиството.