Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерството за финансии ја демантира информацијата која ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надминал 5 милијарди евра. Демантираме и дека податоците кои ги наведуваат се земени од веб страната на Министерството за финансии, како што се повикува сајтот. Податоците за јавен долг се јавно достапни на веб страната на Министерството за финансии и секој може да ги провери.
Го демантираме и тврдењето кое излезе во некои од медиумите дека Министерството за финансии ја сменило методологијата минатата недела, па затоа има намалување на државниот и јавниот долг. Министерството за финансии направи усогласување на своите со податоците на Државниот завод за статистика, што е редовна постапка која се прави секоја година, а методологијата на Министерството за објава на јавниот долг е усогласена со ММФ и ЕУРОСТАТ.
Наша оценка е, имајќи некои сознанија за позадината на овој бројчаник на јавен долг, како и формите во кои беше претходно објавуван прво како нечиј блог, па како истражување на МАНУ, кое беше повлечено, сега како нечиј сајт, е дека истиот има политичка позадина. Особено е симптоматично времето кога бројчаникот одлучи долгот да надмине 5 милијарди евра.
Уште еднаш посочуваме дека официјалните податоците за јавен долг согласно методологијата утврдена со ММФ и согласно ЕУРОСТАТ се објавени на веб страната на Министерството и Министерството стои зад тие податоци“, се вели во демантот на Министерството за финансии.