Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездите од хит серијата Game of Thrones, Кит Харингтон и Рози Лесли ја објавија својата веридба во американскиот медиум The Times.
Парот се запозна на снимањето на оваа серија во 2012 година, каде го глумеа љубовниот пар Џон Сноу и Игрит, а нивната врска од екраните се пренесе и во реалноста.
Лесли ја напушти екипата после две години, додека Харингтон стана една од најголемите актерски ѕвезди од Game of Thrones. Тие заедно се појавија на доделувањето на Oliver Awards церемонијата минатата година, а од неодамна кружеа муабети дека ќе падне и венчавка, што се потврди со огласот во споменатиот весник.
Во интервју за L’Uomo Vogue минатата година, Харингтон призна дека е лесно да се вљубиш во Лесли и откри дека тоа се случило додека снимале дел од втората сезона на Исланд, во 2012 година.
„Ако некоја веќе ве привлекува и истовремено глуми ваша партнерка во серијата, тогаш е лесно да се вљубиш во неа и во реалноста“, призна тој.
Лесли моментално глуми во американската серија The Good Fight, додека Харинтон ќе се појави и во драмата од ВВС, Gunpowder, пред снимањето на последните епизоди од мегапопуларниот серијал Game of Thrones.