Home Актуелно Од ДЗС тврдат: За девет дена се попишани над 500.000 граѓани

Од ДЗС тврдат: За девет дена се попишани над 500.000 граѓани

Над 500.000 граѓани се попишани во првите 9 дена од Пописот на населението и објектите 2021, тврдат од Државниот завод за статистика.

ДЗС оценува дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, па и премиерот Зоран Заев очекува тој успешно да заврши до 30 септември.

Пописот 2021 е на третина од предвидените 26 дена пописни активности и се одвива добро, со исклучок на привремените технички проблеми на почетокот, кои беа надминати со апдејт на софтверот.

Најголем дел од попишаните 500.000 граѓани се во неделите на 12 септември – 111.186 лица и на 5. септември – 94.975 лица.

ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…