Home Живот и здравје Од денеска во примарното здравство почнуваат да се применуваат новите реформи

Од денеска во примарното здравство почнуваат да се применуваат новите реформи

Матичните лекари од денеска почнаа да пропишуваат лекови за дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидната жлезда и хипертензија. Пациентите за овие пет дијагнози веќе нема да мора да ја добиваат хроничната терапија од специјалист.

„Портата во здравствениот систем е примарното здравство. Тука влегуваат, тука се задржуваат и тука си одат пациентите. Тоа се матични пациенти и тука сакаат да да завршат се. Бенефит ќе имаат сите хронични пациенти, семејствата затоа што никој не сака да оди напразно и да се чека термин, а посебно старите лица коишто се ранлива категорија“, изјави д-р Марта Тунџева

Здравствените власти најавија дека во иднина матичните лекари ќе може да пропишуваат и лекови за други заболувања, а ќе може да издаваат и лабораториски упати за посложени анализи.

„За кратко време ќе почнат да се препишуваат и лабораториските упати, дали ќе се прошири листата на лекови – да , но согласно онаа програма што ја имаме зацртано во реформите. Да обезбедиме пред се квалитет, преку веќе искреирани протоколи коишто ќе гарантираат точно кога и како да се препишуваат одредени лекови“, стои во изјавата од д-р Злате Мехмедовиќ – Координатор на реформите во примарно здравство

Министерот за здравство очекува да се олеснат административните процедури за лекарите, но и да се растоварат специјалистите и клиникиките.

„Тие сега веќе ќе може кај своите матични лекари да ги добијат услугитре наместо во клинички центар. Ова им го олеснува секојдневието на пациентите и на нивните блиски и ќе се намали притисокот врз клиниките“, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според анализите на министерството за здравство досега околу 30% од пациентите кои дневно доаѓале на клиниките, всушност доаѓале кај специјалисти за да ја продолжат терапијата. Оваа промена е дел од реформите во примарното здравство кои ги најави министерот Меџити. Според најавите, во иднина се планира и опремување на ординациите, овозможување специјализации за семејна медицина како и ажурирање на електронскиот систем Мој термин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 здрави намирници што можат да станат нездрави ако се консумираат премногу

Може да изгледа дека здравите намирници никогаш не можат да имаат штетно влијание врз наши…