Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од денеска на сила стапува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6 до 20 часот, а забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Казните за оние кои нема да ја почитуваат забраната изнесуваат од 1.500 до 2.000 евра во денари.
Од „Национални шуми“ информираат дека одлуката не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми”, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.
„Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат“, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.
За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.