Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Владата на синоќешната вонредна седница одлучи да се формираат комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот. Тие од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници за штетите.
Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, формирана е и комисија од повеќе институции која треба да утврди методолгија по која ќе се изврши исплаќање на штетите.
“Изминатите две вечери температурите се спуштаа и до минус седум степени и може да се заклучи дека штетите кај овошните и лозовите насади се доста големи. Земјоделците треба да бидат безгрижни и сигурни дека ќе ги обештетиме, имајќи во предвид дека и во изминатите години сме имале вакви штети. Ќе најдеме начин и пари да ги обештетиме“, изјави министерот Цветков по владината седница.
Тој објасни дека согласно законот штетите се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.