Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од денес, во 16 часот, во Македонија на сила стапува првата целосна викенд забрана за движење на граѓаните која ќе трае цел викенд плус по неколку часа од денешниот петок и следнио понеделник, или вкупно 61 час.
Согласно одлуката на Владата, а со цел спречување на ширење на коронавирусот, полицискиот час во текот на работните денови почнува од 16 до 5 часот, додека за време на викендите на граѓаните им е целосно забрането движењето.
„Исклучоците важат за вработените лица во МВР, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани“, соопшти Владата.
„Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје. И за време на верските празници кои се пред нас, ќе важи целосна рестрикција во движењето“, изјави Филипче на вчерашната прес-конференција.