Од денес УЈП ќе почне со испраќање на пополнетите даночни пријави


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходно најавеното доставување на пополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи за 2018 од Управата за јавни приходи започнува да се спроведува од денес.

Доставувањето ќе се прави на електронските профили коишто ги отворија даночните обврзници, а известување дека материјалот е доставен корисникот ќе добие на регистрираната е-маил адреса.

Откако ќе ги провери податоците во пријавата, корисникот треба да ја потврди или да испрати корекција. Испраќањето на пријавите УЈП треба да го спроведе најдоцна до 30 април.