Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од денес, во рамки на владиниот проект инициран за враќање на дел од данокот на додадена вредност, граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот ДДВ.
конференција посветена на Законот за враќање на дел од ДДВ на којашто ќе бидат презентирани техничките можности преку коишто граѓаните ќе може да го користат правото на поврат на 15 % од ДДВ. Прес конференцијата ќе одржи во Управата за јавни приходи – Регионалната дирекција Скопје
Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.
Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години кои се регистрирани на системот на Управата за јавни приходи. Ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат преку мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата што ќе биде достапна на страницата на УЈП.
Повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање баркодови на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Ќе важи само за граѓаните и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. Нема да се однесува за сторнирани фискални сметки и ќе препознава дали сметката е исправна или не, односно фиктивна компјутерска. На ранливите категории и постарите лица кои не се во можност да го направат тоа ќе им помагаат мобилните екипи и мобилните даночни шалтери на УЈП и 80 волонтери. Ќе има на располагање и баркод читачи, мобилни телефони во сите организациски единици на УЈП преку кои ќе се врши читањето и киоск апарати, а на еден мобилен телефон ќе биде оставена можност да има повеќе профили.
За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да се плаќа персонален данок.Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември.
Законот за враќање на дел од ДДВ беше усвоен минатата недела во Собранието. Проектот што е насловен „Мој данок моја заштеда“ и е дел од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Целта, како што образоложија од Владата, е да се вратат пари кај граѓаните, да се намали сивата економија и да се елиминира даночното затајување. Се проценува дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит.