Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред две недели, Регуларотната комисија за енергетика одлучи зголемување на цените за еден денар по литар, односно зголемување на рафинериските и малопрода7ните цени на нафтените деривати во просек за 3,03 односно за 1,98%.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 35,75 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Според анализите и денеска може да очекуваме повисоки цени.