Од денес пуштена во оптек редовната директна авионска линија Санкт Петербург – Скопје и обратно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руската авиокомпанија „Нордвинд“ отвори нова авиолинија на релација Санкт Петербург-Скопје и обратно. Сообраќајот ќе се одвива секој вторник, со време на пристигнување на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 13:35 часот и време на полетување за аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург во 14:40 часот. Времетраењето на летот меѓу двата града е 3 часови и 25 минути, пренесува Русија Бијонд.

Денеска, среда, 21 септември, во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот авион од Санкт Петербург.

Најавениот ред на летање ќе важи до крајот на летната сезона, односно до крајот на месец октомври. Од 2 ноември „Нордвинд“ ќе сообраќа од Санкт Петербург до Скопје секој вторник, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 15:45 часот и време на заминување кон аеродромот „Пулково“ во 16:45 часот.

Претходно, по 20-годишна пауза, на 4 јуни 2021 година, „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартуваше првата директна авиолинија меѓу Русија и Македонија на релација Москва-Скопје и обратно.

Во моментов Македонија и Русија се поврзани со три директни авионски линии – две на релација Скопје-Москва и една на релација Скопје-Санкт Петербург.