Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Цената на горивата од минатата ноќ, на полноќ, се зголеми за еден до 1,5 денар по литар согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари и сега ќе изнесува 59,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар.
Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот и ќе чини 24,886 денари. Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемните референтни цени на горивата и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.