Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цените на роамингот во регионот, во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија, повторно ќе се намалат од први јули.
Пред три години е потпишан договор меѓу четирите земји за спроведување специјална цена за роамингот.
Од денес максималната цена на една минута роаминг разговор во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија ќе чини 0,19 евра за појдовен повик и 0,05 евра за дојдовен повик, без ДДВ.
Максималната цена на СМС порака во роаминг ќе биде 0,06 евра, а максимална цена за услугата пренос на податоци и ММС порака ќе биде 0,20 евра (по МБ/порака).