Од денес официјално укинат полицискиот час – еве кои се другите олабавувања на превентивните мерки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицискиот час кој беше воведен во изминатиот период поради последниот бран на коронавирусот, од денес официјално се укинува. Меѓутоа со оглед на драстичниот пад на новозаразените во последните две недели, Комисијата за заразни болести предложи до владата целосно укинување на истиот.

Од денеска угостителските објекти се без ограничувања на работното време, но и натаму има протоколи кои треба да се почитувасат. Свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локалите кои се на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот, и не повеќе од 1000 лица.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.