Од денес нови цени на горивата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Наредната корекција за цените на бензинот е закажана за денес. Не се открива која ќе биде одлуката на Регулаторна комисија, дали ќе има ново зголемување или намалување на цените.

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, по празничниот период, бензините поскапеа за половина денар, цената на дизелот не се смени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари.

Цената на дизелот не се смени, и тој и натаму се точи за 53,5 денари по литар. Не се смени ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму чини 42 денари за литар.