Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со нововото ценовно усогласување на горивата според последната корекција од страна на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,90%.
Според одлуката, од ноќеска на полниќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и ќе се продава по цена од 61,00 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и ќе изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од
30.11.2020 година, односно малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/литар.