Актуелно

Од денес на наплатна за патарина кај Миладиновци може да се плаќа електронски

Од денес, на наплатната станица за патарина Миладиновци на Коридор 8, учесниците во сообраќајот патарината можат да ја платат и по електронски пат со М – картичка. Електронската наплата на таа станица ќе се врши само со М-карт, но не и со М-таг како што е на останатите патарини на Коридорот 10.

Воведувањето електронско плаќање е самостоен проект на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД).

– За да врши контрола и да се поврзе со системот на потегот Романовце – Миладиновци спроведовме проект за електронска наплата на Миладиновци со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) што изработија софтверско и хардверско решение. Направени се тестови и функционира како што треба. На видни места има обележувања дека може да се врши електронска наплата – изјави за МИА Марко Брезовски, раководител на Одделението за наплата на патарини и контрола при ЈПДП.

На почетокот на јули годинава стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовица, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец, проект што се спроведе со кредит од Европската банка за обнова и развој.

Advertisements
To Top