Од денес имаме поевтини горива


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика ја објави својата најнова одлука за цените на горивата, со кои бензинот во следните две седмици ќе се продава за два денари помалку од довчерашните цени, а дизелот ќе поевтини еден и пол денар.

Цените на еуросупер 95 и на еуросупер 98 ќе изнесуваат 60,5 денари, односно 62,5 денари. Цената на еуродизел се намалува за еден и пол денар и еден литар дизел-гориво од ноќеска веќе чини 46,5 денари.

Новите цени стапија на сила ноќеска на полноќ.