Од денес драстично поевтини цени на горивата

горива

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Историски пад на цените на горивата за македонски услови (откако неколкукратно поскапеа досега). Од полноќ дизелот е поевтин за 3 денари, а бензините за 4,5 денари. Новите цени веќе важат од ноќеска по полноќ. Од Регулаторна велат дека ова е едно од најголемите поевтинувања на горивата.

Причина за драстичните поевтинувања на горивата е падот на цената на нафтата на светските берзи. Во изминатите две недели барелот нафта се тргуваше по цени за околу 9% пониски од претходно.

„Уште еднаш сакам да потенцирам дека не е тоа апсолутно наша заслуга, ниту претходно беше по наша заслуга зголемувањето на цената. Едноставно такви се трендовите на берзите за нафта. Ние ја применуваме методологијата, која што е дел од купопродажниот договор, ратификуван од Собранието во 1999 година”, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика..

ЕУРОСУПЕР 95 е поевтин за 4,5 денари и во следните две недели литар ќе чини 67 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 е намалена за 4 денари и ќе се продава по 69 денари за литар. Дизелот поевтини за 3 денари и се продава за 64,5 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство е пониска за 3,5 денари и чини 53 денари за литар.