Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од денеска, граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19, потврди вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.
„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски”, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата“, рече Филипче.
За скринингот во училиштата министерот Филипче рече дека најверојатно ќе започне за две недели.
„Ќе почнеме со обезбедување согласност од родителите и понатаму ќе ја презентираме и методологијата. Јас верувам дека припремата во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го почнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители на вирусот“, рече Филипче.