Од денес без задолжително носење на заштитни маски на отворено


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од денеска на сила стапуваат новите олабавувања на рестриктивните мерки против Ковид-19 во Македонија. Граѓаните ќе можат да се движат без задолжително носење маски на отворено. Оваа мерка само ќе важи во затворени простории, јавен превоз како и групирање на повеќе лица на отворен. Младенците ќе може да закажуваат свадби со ограничен број на гости, а полицискиот час ќе остане на сила до 15 јуни .

Eпидемијата полека спласнува, но граѓаните треба да бидат внимателни, изјави денеска апелира министерот за здравство Венко Филипче.

-Дозволени се прослави на нив ќе може да има до 100 гости на отворено да не биде повеќе од 50 посто од капацитетот на ресторанот. Епидемијата спласнува, но апелирам граѓаните да бидат внимателни секогаш при рака да имаат заштитна маска доколку се надвор и има групирање сите треба да се свесни дека сега имаме стабилни ситуација, но никој не може да предвиди што ќе се случува, вели Филипче.

Поради намалувањето на бројот на новозаразени лица, Кризниот штаб одлучи да ги прифати мерките кои Комисијата за заразни болести ги достави минатата недела.Заега полицискиот час останува на сила до 15 јуни.

Почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.

Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),

Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.