Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од изминатата ноќ на полноќ се зголемија за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,567 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,719 денари.
Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472 отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.