Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од овој четврток, работното време на угостителските објекти (ресторани, кафани и кафулиња) повторно се продолжува до 21 часот, со можност од следната недела да се продолжи и до 23 часот.
Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот. Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести досегашното работно време до 18 часот, да се продолжи до 21 часот.
Неограниченото работно време ќе се врати само угостителските објекти на бензинските пумпи и во хотелите.
Министерствата за здравство и економија се под засилен притисок од коморите на угостителите да го продолжат работното време до 23 часот.
Но, се чекаат анализите од лабораторијата во МАНУ дали има некоја мутација на коронавирусот, по што до крајот на неделава или почетокот на следната, може да се донесе одлука за натамошно продолжување на работното време до 23 часот.