Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова платформа за вмрежување, менторство, едукација и развој на бизниси
Represent Communications денеска ја лансираше новата платформа http://www.mymasterlab.com/ од која ќе произлегуваат идеите, конекциите и соработките за идни бизниси во регионот.
Мymasterlab.com е местото каде се среќаваат врвни експерти од САД во домени како Machine Learning, AI, Internet of Things, Blockchain, Applied Leadership, Storytelling, Sales Pitch Construction итн со регионални ентузијасти спремни да ги реализираат своите бизнис идеи или да напредуваат во кариерата.
Свесни сме дека многу одлични идеи не го наоѓаат патот до успехот затоа ги најдовме луѓето кои во процес на менторирање ќе можат да ја променат перспективата на сите оние кои сакаат да направат чекор напред во професионалниот развој, да најдат инвеститори за својата бизнис идеја, да го формулираат пичот кој ќе им го продаде производот или услугата во светскир рамки – вели Наташа Божиновска Миркова, директорка на Represent Communications Македонија.
Во рамки на проектот свои работилници имаат проф. Курт Џеферсон, декан на Спалдинг Универзитетот во Кентаки, експерт за европска и балканска политика; Колин Бирч од Универзитетот во Колорадо, тренер на претприемачи кој овозможува креирање на врски со инвеститори од САД кои би биле заинтересирани за иновативни идеи; Џеј Скот Кристиансон од Универзитетот во Мисури, експерт за Machine Learning, AI, Internet of Things, Blockchain; Мет Мури storyteller, писател и еду-претприемач; Трон Џордхајм – врвен sales coach.
Независно дали сакате да се истакнете меѓу колегите, да бидете унапредени на подобро работно место, сакате да ве забележи шефот на вашиот шеф, неопходна ви е промена на кариера или компанија, сонувате за своја компанија, имате компанија но ви треба инвестиција и лидерски вештини за да ја развиете … нашата визија е mymasterlab.com да биде местото каде ќе најдете поддршка и ресурси за реализација на сите планови – истакнува Наташа Велковска, проект менаџер на mymasterlab.com.
Платформата се појавува во време на принудна забрзана дигитализација но кризата само се поклопи со моментот на појавување на mymasterlab.com и го потенцираше значењето на ваквите глобални модели на поврзување и соработка кои креираат можности за напредок и нови бизниси.
Не влеговме во ова непромислено, напротив ова е проект кој се потпира на анализа и инновативен пристап. Represent е регионален систем за интегрирани комуникации кој 18 години ја гради приказната за квалитеен партнерски однос со клиенти од рангот на The Coca-Cola Company, Nelt, Wizz Air,Philip Morris International, Microsoft, Hemofarm, Delhaize, VIP итн. Знаењето стекнато од работа на реални комуникациски проекти континуирано го споделуваме во рамки London school of PR и на Knowledge Academy и постојано сме во чекор со промените во светот. Тоа ни дава сигурност дека mymasterlab.com ќе биде препознаена како уште една одлична програма на Represent. – смета Јелена Микиќ, регионален директор за едукација и развој во Represent.