Од безбедносни причини променета трасата за искачување на Монт Еверест


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Непалската влада одлучи од безбедносни причини, да ја измени досегашната траса по која се искачуваа планинарите до највискиот врв во светот Монт Еверест.

Одлуката за промената е донесена по тешката несреќа која се случи минатата година,кога загинаа 16 Непалци, шерпаси кои како водичи им помагаат на експедициите на Хималаите.

Минатогодишната несреќа беше најтешкиот инцидент во историјата на искачувањата кон Монт Еверест, со најголем број човечки жртви. Овој инцидент, предизвика бојкот на шерпасите кои од властите во Катманду бараа поголема безбедност,а од странските експедиции повисоки хонорари за нивната работа.

Протестот на шерпасите целосно ги запре експедициите и искачувањата кон највискиот врв на Хималаите и светот.

Непалската влада која секоја година, од аплинистите и експедициите, обезбедува приходи за државната каса, настојува да се обноват искачувањата уште на почетокот на новата сезона, оваа пролет.

Новите мерки за „безбедна патека“ кон врвот стапуваат во сила веќе од индиот месец.

Со изменетата траса, алпинистите нема повеќе да се движат преку опасниот Кумбу Ајсфол, каде заканите од лавини се многу големи и каде лани се случи несреќата, туку ќе се искачуваат по централниот дел, што тргнува од базниот камп, каде се собираат учесниците во експедициите кон Монт Еверест.

Трасата која сега ја менува непалската влада беше определана уште во деведесетите години на 20 век.

Вкупно 250 луѓе се загинати во досегашната искачувања кон највискиот светски врв.