Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Суперавтомобилот McLaren 570Ѕ, кој чини 165.000 евра, беше претворен во куп изгореници и искривен метал после судир во една куќа. До несреќата дојде во англиското гратче Вилтшир.
Спасувачите и пожарникарите стигнале доста брзо на местото на несреќата, но по доаѓањето увиделе дека возачот и совозачот се безбедни и го напуштиле возилото. Поради навременото напуштање на возилото, не само што го избегнале пожарот кој избил во него, туку и падот на дел од ѕидот од куќата кој се срушил врз возилото.
Демиен Бенс од противпожарната служба изјави за ВВС дека е вистинско чудо како возачот и совозачот ја преживеале несреќата и тоа без повреди.