Од бебе фрлено во контејнер, до сопственик на компанија „тешка“ 62 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Животната приказна на 30-годишниот Фреди Фигерс буквално е како нарација од некое холивудско филмско сценарио за драмите и преживувањата на некој филмски и општествен херој.

Од напуштено бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп – неговата животна приказна стана инспирација за многумина корисници на социјалните мрежи.

Фреди Фигерс во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете.

Фреди е роден во Кунинси (Флорида), а неговата мајка го оставила во контејнер веднаш по раѓањето. Натан и Бети Фигерс го посвоиле кога имал само два дена.

Сега тој е основач и извршен директор на компаниајта за комуникација „Фигерс“. Кога имал 9 години, го добил првиот компјутер што самиот го преправил. На 12-годишна возраст веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал компјутерска компанија.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој му направил патики со вграден GPS сигнал и двонасочна комуникациска врска. Програмата била продадена на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, тој ги вложи парите за да започне со компанијата „Фигерс“, денес најголемата телекомуникациска компанија во сопственост на Афроамериканец.

На 24-годишна возраст, Фигерс веќе дизајнирал 80 програми, а покрај неговиот неверојатен ум и работна етика, тој има и златно срце – модел во неговата заедница; спонзорира младински програми, нуди стипендии на ученици и студенти, плаќа сметки на пензионери.