Од авион на авионска писта испаднаа три тони злато


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако случајно му се отвори вратата, повеќе од три тона злато испаднаа од руски товарен авион во моментите кога полетуваше од авионската писта.

Во авионот An-12 имаше товарено околу девет тона злато, од кои третина се растурија на аеродромската писта. Сето тоа се случи на аеродромот во Јакутск.

Според информациите кои ги пренесува агенцијата ТАЅ, повикувајќи се на официјални лица од Министерството за внатрешни работи, досега се пронајдени 172 златни плочки со вкупна тежина од 3,4 тона.

Gold and platina fell out of cargo plane in Yakutia

Во инцидентот не е повреден никој од петчлената посада на авионот. Златото испадна поради лошо прицрвстените врати при затворањето.