Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со новите правила и тарифи за снабдување со топлинска енергија кои Регулаторната комисија ќе ги усвои до крајот на месецов, од идниот месец граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат паушални трошоци.
Од Граѓанското здружение „Но пасаран” велат дека ќе се борат за да најдат начин како да се обесштетат граѓаните кои имале извршителни дејства за паушалот.
Според новите правила, за да се исклучат од системот за парно греење, корисниците освен што ќе треба да обезбедат согласност од 50% плус еден од станарите во зградата, ќе треба да изготват елаборат што ќе докаже дека новиот начин на греење што ќе го користат во иднина ќе биде енергетски поефикасен.
Дополнително, Регулаторна забранува ранливите категории потрошувачи да бидат исклучени од системот за парно греење во зимските месеци.