Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Холандската компанија „Хардт Хиперлоп“ најави дека има план да изгради ниско-енергетски, супер брз воз кој би можел да ги превезува патниците од Париз до Амстердам за околу 90 минути, пренесува „Лонли Планет“.
Според истражувањето на компанијата, новиот воз би можел да биде реалност веќе во 2028 година. Компанијата се фокусира на пет главни рути кои би можеле да го променат начинот на кој луѓето секојдневно патуваат.
„Она што го прави толку уникатен е неговиот висок капацитет, ниската потрошувачка на енергија и големите брзини што навистина значително го намалуваат времето на патување. На пример, патувањето помеѓу Амстердам и Париз ќе трае само 90 минути”, рече портпаролот на Хард Хиперлоп.
Компанијата се фокусира на националните и меѓународните рути. Новиот воз не само што ќе ги поврзе Париз и Амстердам, туку ќе може да ги поврзе Амстердам со Гронинген и Хаг. На меѓународно ниво, возот е предвидено да го поврзе Амстердам со Дизелдорф и Франкфурт, а освен тоа и Париз.
Стефан Марџс, директор на проектот Хард Хиперлоп, рече дека возот може да пристигне од Амстердам до Ајндховен за 15 минути, што изнесува сега околу 90 минути со автомобил. Патувањето од Амстердам до Дизелдорф, кое трае околу два и пол часа со автомобил, би можело да трае помалку од половина час.
Компанијата верува дека тоа би можело драстично да го промени начинот на кој луѓето го гледаат својот дом и работниот век – што ќе им олесни на луѓето да одат на работа во Амстердам ако живеат во подостапни градови во близина.