Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот холивудски актер и оскаровец Метју Меконахи во својата професионална кариера отвора ново поглавје.
Освен актерството кое е негова професионална вокација, Меконахи ќе стане професор на Универзитетот во Тексас, каде од есен ќе предава на одеделението за радио- телевизија – филм, пренесува „Time“.
Меконахи беше надворешен предавач во кампусот во Остин од 2015 година, а од универзитетот соопштија дека именувањето за професор е знак „дека неговата исклучителна работа како учител и ментор е препознаена“.
Популарниот актер во иднина ќе продолжи да предава на класата на одделението за продукција по предметот од сценарио до филм.
Универзитетот во Тексас тврди дека Меконахи е почитуван „поради неговата работа со студентите надвор од училниците.“
Метју Меконахи инаку има диплома од областа на филмот од 1993 година , досега во кариерата се појавил во повеќе од 50 филмови, а е добитник за Оскар и Златен Глобус за филмовите „The Woolf of Wall Street “ и „Dallas Buyers Club“.