Од 7 до 15 јуни 54. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од 7 до 14 јуни, во Прилеп, по педесет и четврти пат ќе се одржи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински.

Осум претстави ќе бидат во официјалната конкуренциија : „Макбет“ од МНТ Скопје, „Странци“ – Драмски театар Скопје, „На отворено“ – театар Комедија Скопје, „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар, „Физика на тагата“ – кумановскии театар, „Бакхи – краток преглед на распадот“ – Народен театар Битола, „Животинска фарма“ – театар Струмица и „Пиреј“ во изведба на театарот од Прилеп. Новитет е воведувањето на награда од публиката.

Прилепската публика, тврдам одговорно, е најдобрата која знае да следи театар и од оваа година ќе има можност да гласа за претставите и ќе се гласа по секоја претстава. Начинот и деталите за гласање ќе бидат објаснети на почетокот на фестивалот. Фестивалското жири доделува бронзена статуетка на патронот Војдан Чернодрински, а наградата од публиката, за тоа разговаравме со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ќе биде статуетка од мермер, по кој е препознатлив градот и ќе имаме спој со овој голем театарски настан што, пак, е одлика на градот. Уште една важна новина е враќањето на разговорите за претставите, т.н. разговори на тркалезната маса. Ќе се одржуваат веднаш по одигрувањето на претставата и ќе учествуваат еминентни критичари, а секако свој удел може да има и публиката. Ова, всушност, е враќање на разговорите кои се одржуваа порано на фестивалот – објасни Катарина Коцевска, уметнички директор на фестивалот.

Наградите за животно дело годинава одат кај Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Фестивалот со театарска музика ќе го отвори Влатко Стефановски, а која претстава ќе биде прва прикажана засега останува тајна. Не се знае ниту точниот број на претстави кои ќе бидат во неофицијалниот дел.

Чернодрински е најрепрезентативниот театарски фестивал кај нас. Тука публиката има можност во текот на 8 дена да го види најдоброто од оваа уметност во Македонија.